Здравјето на децата е директно поврзана со прехрамбениот режим. Правилната исхрана од рана возраст е од клучно значење за развојот на детето, како и за неговата долговечност како возрасен.
Постојат некои основни хранливи материи кои задолжително мора да бидат присутни во менито на вашето дете. Еве и 7 од нив:
Протеини
Телото на детето бара протеини потребни за изградба на клетките, трансформацијата на храната во енергија, борбата со инфекциите и транспорт на кислород. Храна богата со протеини и соодветна за деца е:
-
Посно месо
-
Млечни производи
-
Риба
-
Јајца
-
Ореви
-
Грав
-
Соја
Јаглехидрати
Укинувањето на јаглехидратите од исхраната е популарно употребувано средство, но тие се витален извор на енергија за организмот. Препорачливо е да го ограничите внесот на рафинирани јаглехидрати како бел ориз, шеќер и бел леб.
Но, детето треба да консумираат јаглехидрати и тоа богати со скроб и растителни влакна. Храна богата со корисни јаглехидрати, соодветни за деца е:
-
Кафеав ориз
-
Интегрални производи и леб
-
Компири
-
Паста
Масти
Мастите се исто така омразени хранливи материи од многумина, но и тие имаат своја важна намена за организмот. Тие се исто така добар извор на енергија и се неопходни за здравјето и еластичноста на клеточните мембрани.
Храна богата со корисни масти, соодветни за деца е:
-
Полномасни млечни производи
-
Растителни масла како маслиново масло, кокосово масло, масло од соја
-
Посно месо
-
Мрсни риби
-
Ореви
Калциум
За изградба на здрави коски и заби, калциумот е задолжителен во детскиот развој. Тој има големо значење за нервите, мускулите, функцијата на срцето. Храна богата со калциум е:Млеко
-
Јогурт
-
Сирење
-
Млечен сладолед
-
Белка од јајце
-
Брокула
-
Зеленолистен зеленчук
-
Тофу
Железо
Железото има суштинско значење за нивото на хемоглобин не само кај возрасните, но и кај децата. Хемоглобинот е пигмент во крвта, чија функција еда пренесува кислород преку крвта до ткивата и органите. Миоглобинот пак пренесува кислородот до мускулите.
Храна, од која се црпат најголеми количества железо е:
-
Црвеното месо
-
Црн дроб
-
Живина
-
Спанаќ
-
Житни култури
-
Овес
-
Грав
-
Ореви
Влакна
Влакната ја подобруваат работата на цревата. Адекватниот прием на влакна ги намалува ризиците од срцеви заболувања и рак во зрелоста. Храна која содржи големи количини на влакна е:
-
Цели зрна
-
Овошје и зеленчук
-
Наут
-
Леќа
-
Пченка
-
Семиња
-
Ореви