Филипче: Не треба да има сомнеж за бројките на заболените

Сподели со своите пријатели

Не треба да има сомнеж за бројот на заболени, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, во однос на шпекулациите дека се крие точниот број на заболени.

Loading...

– Не треба да се има сомнеж дека се споделуваат неточни бројки, тие се апсолутно точни, ги сподеуваме и со Светската здравствена организација и простор за манипулација нема, а ниту ќе има, како во ниту една земја која комуницира со СЗО, изјави Филипче.

На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 41 пациент, седум од нив се во потешка состојба, но тие се респираторно независини, 27 се средно тешки и 7 со поблаги симптоми. Стабилна е состојбата и на пациентите во Штип.

Никола Ивановски

Leave a Reply