38-годишник допирал малолетнички во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец бил приведен вчеравечер под сомнение дека допирал по телото три малолетнички од Куманово.

Loading...

– На 13.05.2024 во 19.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(38) од Куманово затоа што во текот на денот во централното градско подрачје на Куманово допирал по телото три малолетнички од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар над Манастирот во Матејче