Француски дипломат: Украина е пред колапс, сакале ние или не

Сподели со своите пријатели

Пакетот воена помош за Украина во вредност од околу 60 милијарди долари, кој конечно беше одобрен по неколку месеци ќор-сокак во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, веројатно нема да биде доволен за да се спречи колапсот на силите на Киев, изјави француски дипломатски извор за „Монд“.

Loading...

„Дури и да не е пожелна опција, украински колапс е можен во секој момент и мора да се подготвиме за тоа“, изјави неименуваниот извор.

Како што наведува „Монд“, токму во тој клуч треба да се толкуваат обидите на францускиот претседател Емануел Макрон да постигне „стратешка двосмисленост“ со запаливи изјави дека не треба да се отфрли директна воена интервенција на Западот во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

И покрај одредени толкувања на изјавите на Макрон, НАТО наводно подготвува документ во кој официјално ќе се воздржи од испраќање војници во Украина, кој ќе биде одобрен на претстојниот самит на Алијансата во Вашингтон, објави претходно италијански „Кориере дела сера“.

Според нацрт-документот, НАТО ќе се придржува до принципот „нема војници на теренот“, што италијанскиот весник го опиша како „една од клучните фрази“ во документот.

Од друга страна, италијанскиот весник наведува и дека НАТО планира да продолжи да го зајакнува своето воено присуство во Источна Европа и балтичките земји, каде што има намера да ја зголеми вкупната борбена сила на 300.000 војници, пренесува RT Balkan.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби