Филипче: Бугарија дел од своите вакцини ќе оддели за нас, кризата ја поттикна солидарноста

Сподели со своите пријатели

Бугарската Влада има порачано сосем доволна количина на вакцини против Ковид-19 и ќе оделат одредена количина за нас. Ќе бидеме во контакт со бугарскиот министер за здравство за техничките детали. Во овој момент и тие не знаат кога ќе стигнат првите големи количини. Во втората половина на 2021 година ќе може да стигнат и вакцините од „Фајзер“, иако нема дефинитивен одговор добиен од нивна страна.

Loading...

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека изутрината присуствувал на седницата на Владата на Република Бугарија на покана на премиерот Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов.

– Ние интензивно разговаравме изминатите неколу недели и имаме добри вести, а тоа е дека Бугарија како донација ќе оддели слободна количина на вакцини против Ковид-19 од секоја количина која таа ќе почне да ја добива во следниот период преку сите форми на договори кои ги направиле со компаниите. Изразив голема благодарност. Истакнавме заеднички дека оваа криза ја потикна и солидарноста и покажа и докажа дека само заеднички можеме да ги решаваме проблемите и да ги надминеме сите предизвици. Покрај Бугарија која на овој начин даде поддршка, таква најава имаме и од Грција и од Полска, додаде Филипче.

Рената Пепељугоска

Leave a Reply