Еве како 1,5 степени глобално затоплување влијаат на светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Успорувањето на глобалното затоплување од само 1,5 Целзиусови степени ќе предизвика нивото на морето да престане да се зголемува, да се намалат поплавите и да се забави исчезнувањето на градовите и живеалиштата за многу животни.

Loading...

Климатските промени се случуваат и предизвикуваат проблеми што само ќе се влошат со текот на времето. Подигање на нивото на морето. Истребување на видовите. Куќи и живеалишта уништени во поплавите. Деградација на земјиште, глад, суша.

Глобалното затоплување ја открива темната страна на Монт Еверест

Планетата е потопла за околу 1 Целзиусови степени отколку пред 160 години. Можеби не изгледа како многу, но ова затоплување има огромен ефект врз светот околу нас.

Научниците велат дека забавувањето на затоплувањето на планетата до крајот на овој век на само половина степен би имало позитивни ефекти за нас и сите на оваа планета, пренесува BBC.

Зошто? Снежната и ледената покривка веќе се топат, нивото на морето расте, што доведува до поплавување. Некои области со ниска надморска височина, како што се некои острови и градови, би можеле трајно да исчезнат под вода.

НИ СЛЕДУВА ПЕКОЛНА ИДНИНА: Глобалното затоплување ги надминува предвидувањата

Експертите предупредуваат дека следните 12 години е критичен период што може да доведе до пораст на температурата од 1,5 степени. До крајот на векот, планетата ќе се загрее и за двојно повеќе.

Loading...

Дури и ако успееме да ги намалиме емисиите на гасови што предизвикуваат глобално затоплување, тоа ќе продолжи, но не и во блиска иднина. Нивото на морето ќе се зголемува побавно.

Домовите на милиони луѓе нема да завршат во поплави, ќе се преполови бројот на луѓе кои ќе имаат проблеми со недостаток на вода за пиење. Голем број на животни во светот ќе зачуваат барем половина од нивните живеалишта, кои инаку би ги изгубиле.

Како ќе изгледаат луѓето ако продолжи глобалното затоплување? (фото)

Накратко, научниците тврдат дека ова би го спречило влошувањето.

Ако го сакаме тоа, половина од нашата енергија до 2050 година треба да доаѓа од обновливи извори. Дури и тогаш, треба да засадиме дрвја за да го апсорбираат јаглерод диоксидот што го произведуваме и да користиме прочистувачи на воздухот.

Научниците се согласуваат: Работата е итна, а успехот зависи од секој од нас!

Leave a Reply