Како ќе изгледаат луѓето ако продолжи глобалното затоплување? (фото)

Сподели со своите пријатели

Како резултат на глобалното загревање, научнциите веруваат дека би можеле да еволуираме со некои прилично необични карактеристики.

Експертите се зафатени со обидувањето да предвидат како ќе изгледа човековата раса во некоја далечна иднина. Тие подготвиле неколку сценарија: како би изгледале ако дојде до ново ледено доба, ако глобалното загревање продолжи и ако започнеме колонизација на некоја друга планета.

Доктор Метју Скинер, палеантрополог на Универзитетот Кент, работел во соработка со уметникот по име Квентин Дивајн за да му помогне да визуализираат како луѓето ќе изгледаат во иднина.

 

Loading...

ljudi-buducnost-foto-viralthread-1452805605-824347

 

Доколку глобалното затоплување се полоши и земјината маса се намали, др. Скинер верува дека веројатно ќе развиеме пловна кожичка на нозете и ќе имаме проѕирни очни капаци за да ни помогнат да гледаме под вода. Исто така, би можеле да развиеме шкрги за да можеме и да дишеме под вода.

 

ljudi-buducnost-foto-viralthread-1452805733-824349

 

Во сценариото со леденото доба, др. Скинер смета дека нашата кожа би станала неверојатно бледа поради недостатокот на витаминот Д поради намалената сончева светлина. Би можеле да бидеме прекриени со влакна и да развиеме сериозни мускули. Нашите носеви и лица стануваат поголеми како одговор на постудениот воздух и ние би можеле да станеме генерално посилни.

Доколку научната фантастика сепак стане реалност би можеле да развиеме и кратки нозе поради ниската гравитација.

Без оглед во какво сценарио ќе се најдеме во иднина, дали тоа ќе биде воден свет или ледено доба или дали ќе колонизираме друга планета, човековата раса ќе настојува да избегне изумирање. На крајот на краиштата, тоа е борбата за опстанок – вели др. Скинер.

Во овој момент луѓето се се поголеми, но Скинер укажува на тоа дека трендот ќе се преокрене поради недостаток на предаторите. Овој феномен се нарекува „остров на џуџиња“ и се јавува кога цицачите немаат предатори и имаат ограничени ресурси.

Дали сте знаеле дека астрономите сметаат дека вонземјаните изградиле мега структура која кружи околу блиската ѕвезда?


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.