Глобалното затоплување ја открива темната страна на Монт Еверест

Сподели со своите пријатели

Како се топат глечерите на Монт Еверест, така суровоста на највисокиот врв на светот станува се поевидентна. Тела на загинати планинари кои останале погребани во снег и мраз, започнале да се откриваат поради глобалното затоплување.

Loading...

Скоро 300 планинари го изгубиле животот освојувајќи го „кровот на светот“, а две третини од телата и натаму се наоѓаат на планината, пренесува ВВС.

Повеќе од 4.800 луѓе успеале да се искачат на Монт Еверест.

– Поради глобалното затоплување, ледената пкривка и глечерите забрзано се топат, а телата кои биле погребани под нив со години сега излегуваат на виделина, вели Анг Тшеринг, некогашен претседател на Здружението на планинари на Непал.

Еден од владините претставници вели дека непалските служби последните години успеале да дојдат до 10 тела од различни локации на планината, но дека се повеќе од нив се појавуваат со топењето на ледената покривка.

Leave a Reply