Член на администрацијата на Трамп привикува африкански духови да му помогнат во победата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пастор Паула Вајт (White), официјален член на администрацијата на Доналд Трамп (Трамп) на позицијата духовен советник во Канцеларијата за односи со јавност, стана хит на социјалните мрежи.

Loading...

Почна да се шири видео во кое таа со ентузијазам скандира победа, велејќи нешто во стилот дека ангелите штотуку пристигнуваат од Африка и Јужна Америка, тогаш таа „го слуша звукот на победата“.

Дамата и онака има егзотични настапи. На почетокот на оваа година, таа одржа беседа на тема „сатанска бременост“, заповедајќи „во името на Исус“, дека секоја од нив мора да заврши со абортус.

– Сè што е зачнато во матката на сатаната, ќе биде прекинато и нема да може да изврши никаков план за уништување. Таа нема да може да предизвика никаква штета – рече таа.

Откако видеото од нејзината беседа се прошири на социјалните мрежи, таа одговори дека е „очигледно дека нејзините изјави се извадени од контекст“.

 

Leave a Reply