14 пати освои на лотарија и засекогаш ги променил правилата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во 1960-те години од минатиот век романскиот економист Стефан мандел бил во тешка финансиска состојба и едвај составувал крај со крај. Тогаш дошол до необично решение – да освои на лотарија.

Додека поголемиот дел од луѓето својот сон за освојување лотарија го базираат на среќа, Мандел имал поинаков план. Во слободно време математичкиот генијалец ги проучувал Фибонациевите тероии за веројатност, а по години макотрпно истражување смислил „алгоритам за бирање бореви“ кој се базирал на т.н. метода на комбинаторна кондензација.

Манделовиот метод можел да предвиди пет од шест победнички броеви, намалувајќи го бројот на можни победнички комбинации на илјадници наместо на милиони. Со група пријатели купиле големо количество ливчиња, користејќи ги стие можни комбинации. Освоил најголема награда за тоа време, околу 16.000 евра. меѓутоа, кога сите поделиле добиле по 5.500 евра.

Експеримент со лотарија покажа кој е чесен, богатиот или сиромашниот (видео)

Loading...

Меѓутоа, тоа било доволно да зибега од комунистичкиот систем во својата земја и да започне нов живот со семејството во Австралија.

Тогаш неговите лото добивки започнале да се нижат. Како што пренесува news.com.au, освоил лотарија 14 пати, а ниту еднаш не го прекршил законот.

Откако се навикнал на животот во Австралија, Мандел сфатил дека во некои извлекувања цената за купување на ливчињата од сите можни комбинации е значително помала од џекпотот. на пример, ако извлечените броеви биле од 1 до 40, постоеле 3.838.380 можни комбинции. Ако џекпотот бил 10 милиони долари, а секое ливче по 1 долар, Мандел се уште би заработел голема сума пари.

Секако и тука постоеле пречки – да се собере капитал за купување доволно тикети, како и физичкото пополнување на секое поединечно ливче. Во тоа време работел како агент за продажба на осигурување, а слободното време го користел за да ги убеди инвеститорите да вложат заедно и да изградат т.н. лото синдикат.

Покрај тоа, изумил и систем за автоматизација со компјутери и принтери, користејќи алгоритам за исполнување на ливчињата автоматски, користејќи ги сите комбинации на броевите.

Во текот на осумдесетите години синдикатот чекал џекпотот да порасте доволно за да биде поголем од тоталната комбинација, а потоа да купат илјадници ливчиња.

Групата освоила 12 лотарии и стотици илјади помали награди ширум Австралија и Обединетото Кралство.

Со 20 долари најдени на под уплатил и освоил милион на лотарија

Меѓутоа, наградите не биле толку блескави. Профитите не биле доволно високи, а Австралијанците на крајот и го сфатиле нивниот план па ги промениле правилата – забраниле печатени ливчиња и купување во голем број.

Но, не знаеле дека математичкиот гениј имал план Б. Со профитите кои веќе ги имал одлучил да пронајде лотарија во Америка кои имале џекпот најмалку три пати поголем од бројот на сите можни комбинации.

Изборот паднал на „Virginia Lottery“. Броевите биле само од 1 до 44, што значело дека бројот на можни комбинации би бил милиони помалку за разлика од другите игри. Тогаш отворил службена фирма „Pacific Financial Resources“, а под неа развил лото фонд. Илјадници инвеститори убедил да вложат и собрал милиони долари во процесот, пишуваат австралиските медиуми.

Во февруари 1992 година „Virginia Lottery“ имала џекпот од 27 милиони долари. Во тоа време рускиот математичар имал 16 работници во складиштето во Мелбурн, кои за три месеци отпечатиле седум милиони ливчиња, а потоа по пошта ги праќала во САД.

Синдикатот освоил џекпот, со уште милион долари секундарни награди.

На американската лотарија се чека добитникот на 1,3 милијарди долари

Манделовата метода не била илегална, но подгреала сомнеж дека се случила легална битка од четири години. За тоа време го истражувале бројни меѓународни агенции, меѓу кои и ЦИА и ФБИ.

На крајот е ослободен од сите обвиненија, но додека тој освојувал милиони, неговит еинвеститори добиле само 1.400 долари од 4.000 долари влог, далеку од богатството кое им било ветено.

Романскиот генијалец во 1995. година банкротирал. Денес живее мирен живот во Вануату. Меѓутоа, доколку мислите да го направите истото што и тој, размилете уште еднаш.

Бројот на комбинации премногу порасна и не постои реална шанса на време да ги испечатите тикетите, но ниту да ги купите навремено. Во меѓувреме сите американски држави забранија користење на неговите стратегии.

Leave a Reply