ЗАСТРАШУВАЧКО: Од ѕидовите на домот започнал да тече мед (видео)

loading...

Шери Музлак, подолго од година дена во својот дом слуша чудни звуци како на зузење од пчели. По некое време, забележала дека навистина пчели летаат по просториите во кои живее. Никако не можела да сфати што е причината за тоа, па станувала се повеќе вознемирена.

Во еден момент, забележала мед како тече низ ѕидовите од нејзиниот дом, па одлучило во помош да го повика Мајк Хегудус.

ПРЕДИЗВИК: Со гол задник врз кошница со пчели (видео)

Мајк е човек познат по грижа за пчели и нејзиниот повик со задоволство го прифатил за да открие што всушност има таму. Ѕидот од домот го исекол во должина од четири метри, а тука го чекало големо изненадување. Под ѕидот забележал пчеки. И тоа 35.000 пчели.

Освен пчели, пронашол и 35 килограми мед. По негово мислење, пчелите тука започнале да се вгнездуваат пред две години.

Мајк вели дека во својот живот не сретнал ваков случај и дека морал да биде многу внимател за време на тој спор процес на отстранување на пчелите од куќата.

637.000 пчели му го прекрија телото за рекорд во Гинис (видео)

Меѓутоа, некои пчели се уште се слушаат по ѕидовите, а има и мед.

Најголемиот дел од пчелите биле извадени со вакуум кутија и пренесени во своите нови домови, одосно во пчеларниците кои Шери ги држи во својата градина во Бруклин.

Шери по првиот шок, одлучила медот кој го пронашла да го стави во тегли и да им го подари на пријателите.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments