Зукерберг одби да одговара пред британскиот парламент за аферата со податоците

Сподели со своите пријатели

Првиот човек на Фејсбук марк Зукерберг го одби барањето на бртинаскиот парламент пред пратениците да одговори на прашањата во врска со злоупотребата на податоците.

Зукерберг: Јас го основав Фејсбук, ја прифаќам одговорноста

Loading...

Аферата беше разоктирена откако е откриено дека фирмата „Кембриџ аналитика“, заедно со Фејсбук, на незаконски начин обработила милиони податоци од корисниците на мрежата пред американските претседателски избори.

 

 

Иако веднаш следуваше реакција од „Кембриџ аналитика“, во рамките на која е сменето раководството на фирмата, и во САД и во Велика Британија е започната истрага, а во рамките на која Зукерберг е повикан пред британскиот парламент да одговара на прашањата во врска со Фејсбук.

Фејсбук загуби 37 милијарди долари, Зукерберг четири

На шефот на Фејсбук му е доставено писмо од комитетот на британскиот парламент задолжен за дигитални медиуми во кое му се сугерира дека би требал лично да се појави на сослушувањето и за одлуката за тоа оставен му е рок до понеделник.

Суспендиран директорот на компанијата поврзана со аферата со податоци на Фејсбук

Меѓутоа, Зукерберг одлучил да остане имун на повикот и на сослушувањето најверојатно ќе ги испрати своите заменици, пишува Индепендент.

 

Loading...

 

Зукерберг инаку, одамна е на мета на критики поради се почестите напади на Фејсбук и злоупотребата на приватноста на корисниците ширум светот.

Корисниците го тужат Фејсбук, вработените го бранат

Исто така, поради последната афера со Кембриџ аналитика, вредноста на акциите на берзите вртоглаво падна и мултинационалната Фејсбук загуби 37 милијарди долари, Зукерберг четири.

Leave a Reply