Суспендиран директорот на компанијата поврзана со аферата со податоци на Фејсбук

Сподели со своите пријатели

Управниот одбор на компанијата „Кембриџ аналитика“ вечерва соопшти дека е суспендиран директорот Александер Никс се до завршување на независната истрага на неговите чекори.

Долуката на Управниот одбор следува откако Никс на приркиен новинар од британската телевизија „Ćannel 4“ му зборувал за разни неприкладни услуго кои компанијата ги пружала на своите клиенти и по други обвиненија на сметка на компанијата, наведува АП.

Европскиот парламент и парламентот на Велика Британија денеска го повикаа основачот и директор на Фејсбук Марк Зукерберг да даде објаснување за користењето на личните податоци на корисниците на таа социјална мрежа од страна на компанијат „Крмбриџ аналитика“.

Повикот на Зукерберг следува откако некогашниот работник во компанијата „Кембриџ Аналитика“ Кристофер Вајли изјави дека компанијата недозволено користела лични податоци на 50 милиони корисници на Фејсбук без нивна согласнот, за даму помогне на Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во 2016. година.

ЕУ започнува истрага против Фејсбук

Loading...

„Кембриџ аналитика“, чие седиште е во Лондон, ги негира обвиенијата.

Британскиот „Ćannel 4“ објави разговор на својот новинар и Никс кој вели дека неговата компанија користи неконвенционални методи на клиентите да им организира успешни политички кампањи.

Никс рекол дека „Кембриџ аналитика“ би можела да испрати некои девојки во домот на противничкиот кандидат, сугерирајќи дека девојките од Украина се преубави и ефикасни во таа улога.

Навел и дека компанијата би можела да „понуди голема количина на пари“ на ривалскиот кандидат и тоа да го сними и потоа објави на интернет за да го прикаже како корумпиран.

ЕУ започнува истрага против Фејсбук

Никс во соопштението на сајтот на „Кембриџ аналитика“ навел дека искрено жали поради тие изјави и им се извинил на сите вработени.

– Свесен сум како ова изгледа, но просто не е така. морам недвосмислено да кажам дека „Кембриџ аналитика“ не учествува во замки, подминувата и навлекување, ниту користи неточи материјали во било какви цели, пишува тој.

Во соопштението од Управниот добор, објавено на сајтот на Кембриџ аналитика, се наведува дека коментариет на Никс „не ги претставуваат вредностите ниту операциите на компанијата“ и дека „неговата суспензија е одраз на сериозност“ со која фирмата се однесува кон кршењео на правилата.

Суспензијата на Никс стапува на сила веднаш, наведуваат од Управниот одбор.

Leave a Reply