Зошто доматите го немаат вкусот како некогаш?

Сподели со своите пријатели

Oдамна ни е познато дека доматите не се веќе толку вкусни како некогаш, но сега  е познато зошто. Научно истражување утврди дека доматите денес навистина се помалку вкусни отколку пред 50 години, како и што е причината за тоа.

Loading...

Најновото истражување објавено во магазинот Science открива дека тоа се должи на современите сорти, кои се помалку вкусни од постарите.

Намирници со кои ќе ја спасите пресолената храна

Професорот по хортикултура Хери Кли на Институтот во Флорида со својот тим спровел детално истражување проучувајќи ги геномите на 100 современи сорти домати. Тој смета дека овие сознанија ќе им бидат од голема корист на одгледувачите, за да се врати стариот вкус на доматите.

Image by diapicard from Pixabay

Професорот Кли вели дека со вкрстување на традиционалните сорти со оние современите, може да се добијат сорти кои ќе бидат со убав изглед и отпорни на болести, но и со убав вкус.

Со посебни методи се издвоени 13 супстанци кои на доматите им даваат специфичен вкус.

Loading...

Споредувајќи ги традиционалните сорти на домати кои се користеле во минатото со овие кои преовладуваат денес, заклучокот е дека со тек на времето се изгубиле супстанците клучни за дефинирање на вкусот.

Пет причини поради кои ова е идеалниот летен оброк

„Ова истражување е логична последица на постојаните жалби дека доматите кои денес ги купуваме во супермаркетите се со лош вкус. Не интересираше што навистина се променило со самите домати. Како највкусни беа оценети традиционалните сорти кои се одгледуваат во мали градини”, вели професорот Антонио Гранел од Шпанија.

„Вкусот на доматите се изгубил со тек на времето бидејќи луѓето тогаш не ја познавале молекуларната и генетската база. Се насочиле само на количина, продуктивност и отпорност на болести. Но, изгубиле состојки кои го дефинираат вкусот на доматите какви што беа некогаш”, објаснува Гранел.

Image by kie-ker from Pixabay

Leave a Reply