Намирници со кои ќе ја спасите пресолената храна

Сподели со своите пријатели

Ако ст еја пресолиле супата, гулашот или некое друго јадење, додадете вода и додајде зеленчук како лук и моркови па продолжете да готвите уште десетина минути.

И киселината помага во ублажувањето на сланиот вкус па слободно на пресоленото јадење додадете му сок од лимон или оцет. Сланоста на јадењето може да се намали и со додавање на шеќер и мед.

РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ: Солта нè прави гладни, а не жедни!

Loading...

Ако рецептот „дозволува“ додадете млеко или јогурт затоа што исто така ја „угиваат“ солта. Во народот постои уште еден совет – кога ќе го пресолите јадењето, додадете еден излупен компир или јаболко, кое ќе го впие вишокот сол и по готвењето исфрлете ги од јадењето.

Искусните кувари советуваат дека јадењето треба да се проба при подготовката, а не само на крајот. Бидете внимателни и со додавањето на сос од лименка, масилнки или капар затоа што содржат многу сол.

Одличниот додаток на пресолените јадења е зеленчукот како тиквиците исечкани на коцки, кои ќе го неутрализираат солениот вкус, а сосот во кој сте додале премногу зачини најдобро можете да го ублажите со слатки вкусови како доматите, кои ќе ја ублажат лутината.

Зошто треба да ја миеме конзервата сардина пред да ја отвориме?

Познатата американска готвачка Марта Стјурт во премногу зачинетите јадења предлага да се додаваат масни павлаки, како онаа за шлаг без шеќер или друг кремаст млечен производ.

Можете да додадете и малку млеко со густин и растопено сирење или благо сирење за мачкање.

Leave a Reply