ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД ВОЗДУХ: Потопени 70% од Венеција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Венеција е сè уште поплавена бидејќи рекорднит врнежи од дожд го погодија градот.

Loading...

Околу 70 проценти од територијата е поплавена и нивото на водата достигна 187 сантиметри, што не се случило од 1966 година.

Воздушните снимки го покажуваат обемот на поплавите. Каналите по кои е препознатлива Венеција се претворија во реки, а водата се влева во многу згради.

И покрај сè, туристите продолжуваат во голем број да го посетуваат плоштадот Свети Марко и другите значајни делови на градот.

„Штетата од поплавите што ја зафатија Венеција веројатно ќе достигне неколку стотици милиони евра“, рече градоначалникот Луиџи Бруњаро.

Базиликата „Свети Марко“ претрпе сериозна штета, како и целиот град.

Венеција беше погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, а во поплавите загина и една жртва. 70-годишен маж го загуби животот од струен удар кога се обиде да вклучи пумпа во неговиот поплавен дом.

Leave a Reply