Застрашувачка снимка од кокпитот: „Боинг“ започна да паѓа и заврши во морето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Застрашувачки снимки од кокпит на „Боинт 737“ кој се урна во сојузните држави на Микронезија, островска држава во Тихиот океан, покажува досега невидени кадри од падот на авионот од позицијата на пилотот.

Loading...

Кадарот, каков можел да се види само во реконструкциите на воздухопловните катастрофи, покажува панични реакции на пилотот додека леталото паѓа. Се глед аи моментот кога авионот се урива во лагуната покрај Меѓународниот аеродром Чук.

Се скарал со жената, па се обидел да ја убие со авионот (ВИДЕО)

Видеото, снимено со мобилен телефон на инжинерот на летот, ги прикажува пилотите кои алармот ги предупредува дека леталото е премногу близу до земја.

– Премногу сме ниско, извикува еден од пилотите непосредно пред авионот да погоди во морето. Снимката застанува веднаш откако авионот удира во вода.

Силна бура го спречи слетувањето: Авионот буквално се одби од пистата (ВИДЕО)

Авионот летал од Похнпеј, ја промашил пистата и се урнал во лагуната во услови на лоша видливост поради што пилотите морале да се потпираат на инструментите.

Во леталото имало 35 патници и 12 членови на екипажот. Се мислело дека сите преживеале откако од водата ги спасиле локални бродови и нуркачи на американската морнарица.

Loading...

Меѓутоа, по само неколку дена, се испоставило дека покрај шест тешко повредени имало и една жртва на несреќата, патник чие тело го извадиле нуркачите.

Сакал да ги спречи родителите да му дојдат на гости па јавил дека има бомба во авионот

Во текот на истрагата утврдено е дека смртно страдале патник кој не бил врзан и дека добил фатални повреди на главата.

Инаку, авионот падна на 28 септември 2018 година, но сега се појави снимката по завршената истрага.

фото: Youtube/Printscreen

Leave a Reply