Се скарал со жената, па се обидел да ја убие со авионот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден пилот загинал откако го урнал својот авион врз куќа во Боцвана во обид да ја убие својата жена по караницата.

Loading...

Чарл Вилџен, пилот на воздухопловната компанија „Калахари“ истрчал од домот во кој неговата жена била на забава по повод раѓањето на бебето и украл мал авион.

Повеќе пати заканувајќи се надлетувал над зградата и ѕвонел на телефон во куќата распрашувајќи се дали неговата жена е внатре, поради што сите гости избегале надвор на безбедно.

https://twitter.com/crimeairnetwork/status/1109530814692409346

– Тоа беше забава по повод раѓањето на детото, а еден пилот на „Калахари“ се скарал со својат ажена. Тој дури ја удрил и сите му рекле да излезе затоа што така не треба да се однесува со неа, раскажал еден од гостите.

На снимката се гледа како авионот удира во објектот кој се наоѓа во близина ан Мочуди, кај границата со Јужна Африка. Пилотот загинал, но неговата жена Наташа и другите гости биле неповредени затоа што навреме излегле од куќата, пренесува Дејли мејл.

https://twitter.com/machcrit/status/1109692708048773122

Зградата во која авионот удрил била уништена, како и контролната кула за лет. Во пожарот кој следувал биле уништени 13 автомобили кои биле паркирани во близина, но нема повредени.

Leave a Reply