За тестирање кумановци чекаат четири до пет дена, дневно до 25 тестови во ЦЈЗ

Сподели со своите пријатели

До 25 тестирања на ковид-19 се прават на дневна основа во Центарот за јавно здравје Куманово, информираше денеска др. Јадранка Стаменковска која на седницата на Советот одговараше на прашањата на советниците поврзани со пандемијата.

Loading...

Како што истакна Стаменковска, Центарот за јавно здравје Куманово има пунк каде се врши земање брисеви и располага со екипи кои теренски вршат земање на брисеви по епидемиолошки индикации.

– Центарот за јавно здравје врши земање брисеви на граѓаните, но само преку претходно закажан мој термин од страна на матичните лекари. Тие закажуваат врз основа на алгоритмот, односно симптомите кои ги имаат пациентите. Тој број се движеше до вчера околу 25 лица дневно, денеска имаме зголемен број на тестови на 33, изјави др. Стаменковска.

Поврзано:

Бројот на тестови, вели др. Стаменковска, не зависи од можностите на ЦЈЗ да тестира, туку е направена проценка на Министерството за здравство колку тестови треба дневно да се направат.

На прашањето дали може да се скрати перидото од појава на симптоми до земање брисеви, др. Стаменковска вели дека проценката ја прави матичен лекар, кој врз основа на симптомите закажува тестирање.

Сепак за да се дојде до тестирање, се чека по четири до пет дена.

– Најзначајна е препораката лицето кое е сомнително да биде изолирано и во наредните четири до пет дена го закажува тестот, но доколку не може во тој период има одолговлекување, тоа е реалност, не можат сите да дојдат до „мој термин“, имаме 103 пријавни единици. Комуникација имаме со матичните лекари, треба да спомнам дека и болницата прави тестови од страна на проценка на инфектолози, но тоа е фактичката состојба, дека нашите граѓани чекаат по четири до пет дена за да се направи тест, рече таа.

Loading...

Како што рече Стаменковска, по контакт со заболен или појава на симптоми, лицето треба да се самоизолира се до тестирањето и добивање на резултат.

Никола Ивановски

Leave a Reply