Шпанија му повтори на Трамп дека не може да ги користи нивните воздухопловни бази

Сподели со своите пријатели

Владата на Шпанија му одговори на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД не можат да користат шпански воздухопловни бази за војна против Иран.

„Шпанија нема да се откаже од својата посветеност на меѓународното право и покрај растечките критики кон Соединетите Американски Држави за одбивањето да дозволат нејзините воздухопловни бази да се користат за војна против Иран. Ние бевме една од ретките земји што испратија војници за да им помогнат на САД да станат нација и да добијат независност. Сакаме нашите односи да напредуваат на ист начин, но нема да се откажеме од нашите принципи“, рече шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, во интервју за Politiko.eu.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  NYT: Иран успеа да реактивира голем дел од својата воена инфраструктура

Тој нагласи дека Шпанија се држи до своите вредности и ги брани интересите на своите граѓани.

САД одговорија на одговорот на Шпанија со закана со трговско ембарго, повлекување на трупите и суспензија од НАТО.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, рече дека претседателот Трамп јасно го искажал своето разочарување од НАТО и другите сојузници на Америка, велејќи дека Европа има огромна корист од десетици илјади американски војници.

„Претседателот ефикасно го врати угледот на Америка на светската сцена и ги зајакна надворешните односи, но никогаш нема да дозволи Соединетите Американски Држави да бидат неправедно третирани и експлоатирани од таканаречените „сојузници““, рече Кели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доналд Трамп пристигна во Кина!

Шпанија, предводена од социјалистичкиот премиер Педро Санчез, постојано инсистираше ЕУ да упати построги критики до Израел и отворено ја критикуваше американско-израелската војна против Иран.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, ја повика ЕУ да започне со развој на сопствена војска.

„Ни треба армија, наш заеднички одбранбен капацитет. САД сè повеќе ја зајакнуваат својата армија и никој не мисли дека тоа го ослабува НАТО“, рече Албарес.