Тестовите во приватни клиники да бидат на товарот на Фондот, бара Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Сите тестови направени во државни или приватни клиники, а кои произлегуваат според алгоритамот за заболени од Ковид-19, да бидат на товарот на Фондот за здравствено осигурување, е предлог заклучокот на Советот на Општина Куманово кој по денешната расправа на седницата, ќе биде доставен до органите на централно ниво.

Loading...

– Советот донесе заклучок да предложите сите тестови поврзани со индикации според протоколот или алгоритамот за заболени од Ковид19 без оглед дали се обавуваат во државни или приватни лаборатории да бидат на сметка на Фондот за здравствено осигирување, стои во заклучокот.

Поврзано:

Инаку, на дневен ред денеска пред советниците беше разгледана моменталната сосотјба со ковид-19 во градот, а по неколкучасовна дебата беше донесен предлог заклучокот, со цел како што велат граѓаните да не плаќаат тестирања по приватни клиники, со оглед дека тие се прескапи.

Никола Ивановски

Leave a Reply