Цената на војната со Иран расте: Од 29 милијарди на можни трилион долари

Сподели со своите пријатели

Евентуален долгорочен конфликт со Иран би можел да ги чини американските даночни обврзници најмалку еден трилион долари, и покрај тврдењата на Пентагон дека цената на таа војна изнесува 29 милијарди долари, според експертот за јавна политика на Харвард Кенеди школата, Линда Билмес.

Во објава на социјалните мрежи, таа предупреди дека војните речиси секогаш траат подолго и чинат повеќе од првично проценетото.

„Низ историјата, оние што одат во војна имаат тенденција да бидат претерано оптимистични во врска со цената и времетраењето на конфликтот. На пример, Русија мислеше дека ќе ја преземе контролата врз Украина за неколку недели. Претседателот Џорџ В. Буш го отпушти својот економски советник, Лари Линдзи, бидејќи предвиде дека војната во Ирак би можела да чини 200 милијарди долари, но на крајот чинеше 5 трилиони долари“, рече Билмес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Златната купола“ на Трамп ќе чини најмалку 1,2 трилиони долари

Таа посочи дека трошоците се поделени на краткорочни, среднорочни и долгорочни.

Краткорочните трошоци вклучуваат муниција, ракети, бомби, пресретнувачи, одржување на 2-3 ударни групи на носачи на авиони, одржување на персонал и борбена опрема, како и изгубени или уништени средства како што се борбени авиони и беспилотни летала.

Билмесова истакнува дека трошоците за замена често се повисоки од историската вредност на залихите.

На пример, крстосувачката ракета Томахавк првично може да се процени на два милиони долари во залихи, но нејзината замена чини до 3,5 милиони долари.

Среднорочните и долгорочните трошоци на војната вклучуваат поправка на објекти во период од 4-5 години, надополнување на залихите со понапредни системи на оружје и грижа за ветераните кои можеби биле изложени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон: Франција ќе побара од ОН иницијатива за слободна пловидба во Ормутскиот теснец

„Покрај сето тоа, постои и влијанието на зголемувањето на цените на енергијата врз глобалната економија поради постојаниот конфликт“, заклучува Билмесова.

Министерството за енергетика на САД вели дека цените на нафтата веројатно ќе останат над 100 долари за барел во наредните недели.

Некои аналитичари предупредуваат дека националната просечна цена на бензинските пумпи на крајот ќе достигне 5 долари за галон.

Пентагон во вторник соопшти дека војната против Иран чини 29 милијарди долари, што е зголемување во однос на првичната проценка од 25 милијарди долари што му ја даде на Конгресот пред две недели.

Неименуваниот висок функционер на Пентагон рече дека новата проценка на трошоците од конфликтот во Иран вклучува ажурирани трошоци за поправка и замена на опрема, како и оперативни трошоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп објави повеќе од 50 лути пораки: „Апсете ги сите, почнете со Обама“

Претходно објавената проценка од 25 милијарди долари е премногу ниска и не ги вклучува трошоците за санирање на штетите на американските бази на Блискиот Исток, според Си-Ен-Ен, како што објави Танјуг.