Позитивните ги кријат своите контакти, вели др. Стаменковска од ЦЈЗ Куманово

Сподели со своите пријатели

Епидемилогот др. Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово, денеска на Советот на Општина Куманово, одговарајќи на прашањата на советниците за актуелната состојба со Ковид-19 во градот, рече дека позитивните пациенти ги кријат своите контакти во епидемиолошката анкета.

Loading...

Како што појанси др. Стаменковска, веднаш по добивање на позитивен резултат, во текот на денот Одделението за епидемиолошка дејност во дата база добива резултати на позитивни случаи. Потоа епидемиолозите од ЦЈЗ вршат епидемиолошка анкета, се контактира телефонски лицето кое е позитивно и врз база на анектниот прашалник лицето е должно да ги даде сите барани податоци на најблиски контакти.

– Пополнуваме форми за следење на контакти, но она за одбележување е дека во последно време во прехтодните два месеци имаме навистина помал број на кажување контакти од страна на позитивните лица. Свесно избегнуваат изолација и знаеме дека сите контакти на позитивното лице 14 дена треба да бидат во домашна изолација, тоа е тој период доволен лицето да биде изолирано да не се шири инфекцијатам рече др. Стаменковска.

Поврзано:

Според епидемилогот др. Стаменковска, во последните месеци позитивните лица ги пријавуваат само најтесните членови на семејството како контакти, а пошироките ги кријат и потешко се доаѓа до контактите, освен ако самите не се јават дека биле во контакт со заболено лице.

 

 

Loading...

– Потенцирам дека се помал број контакти се јавуваат, ако во првите месеци во март или април на еден позитивен имамве од 10 до 15 лица котантки, сега се помалку и од самите установи и инстиуции и самите лица од семејството не покажуваат, така да на едно позитивно лице имаме по 2-3 контакти, вели епидемилогот.

Епидемиолошките служи преку два телефони се во постојан контакт со граѓаните и примаат повици 24 часа, вели др. Стаменковска.

– Тие податоци ги обработуваме во истот ден, списокот го доставуваме во МВР, и потоа од нивна страна конторла, истите ги доставуваме до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во текот на 24 часа тој изготвува решенија кои се доставуваат во оваа фаза ги доставуваат преку мобилен телефон и истите се доставуваат во текот на 24 часа. Тоа е тој принцип на работа според протокол кој го имаме како епидемиолошки служби, појасни епидемиологот.

Како што потенцираше др. Јадранка Стаменковска, според фактичката состојба, се очекува и во следните месеци неповолна епидемиолошка состојба во градот, а бројот на случаи да биде зголемен.

За тестирање кумановци чекаат четири до пет дена, дневно до 25 тестови во ЦЈЗ

Никола Ивановски

Leave a Reply