Димитриевски: Куманово се справува во вонредна состојба со двајца епидемиолзи

Сподели со своите пријатели

Куманово се справува во вонредна состојба со двајца епидемиолзи и скромен тим во Центарот за јавно здравје, рече денеска кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој упати признание за пожртвуваноста на епидемиолошката служба за справување со состојбата во градот.

Loading...

Овој скромен тим, како што рече Димитриевски, не ги опслуќува само граѓаните на Куманово, туку и Липково и Старо Нагоричане, а понекогаш и помалите околни општини.

– Куманово се справува во вонредна состојба со двајца епидемиолзи и скромен тим во оваа институција која ви минатото сите ја занемарувавме, и кога доаѓаа точките на совет проминуваат така, но сега сфатиме што значи сериозна епидемиолошка служба и систем за превенција од заразни болести, се покажаа како квалитетни луѓе внатре и со сериозно изграден систем со оглед на ресурсите, но пресудно беше човечкиот фактор и знаењето, два епидмеиолози за Куманово Липково и помалите општини во реигонот во сосотјба на епидемија, рече Димитриевски.

Поврзано:

Ви одавам признание, вели Димитриевски, на вас и вашите колеги и сите во здравството бидејќи знаеме во кавка стојба беа на смаиот почеток на епидемијата која сите не изненади и не бевме како систем и држава подготвени да се заштитиме.

– Се појави емидепијата помеѓу персоналот, имавме недостиг на средства за заштита, неприофесионален пристап од поединци, сега сме веќе во втора фаза штом не успеавме да ја спречиме епидемијата што се обиде Штабот за заштита и спасување и епидемилипките служби да превенира максимално со војнички методи и изолација, сега веќе ги трпиме пропуститте кои се должеа и на полиитчки одлуки од пивиоски органи, мора да потенцирам, имаме прекрасни лекари и служби, доволно ресурси како држава во моментов, рече градоначалникот.

Димитриевски го потенцираше високото ниво на соработка помеѓу епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје и Општина Куманово во делот на соработката за спречување на ширењето на епидемијата.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply