Вработените во Мета бесни: „Зошто извршните директори добиваат бонуси додека илјадници луѓе губат работа!“

Сподели со своите пријатели

Вработените во Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, побараа од извршниот директор Марк Закерберг да објасни зошто директорите на компанијата добивале бонуси во време кога илјадници нивни колеги ги губат своите работни места.

Loading...

– Зошто целиот тим на директори доби бонуси и добри оценки, кога тие беа одговорни и за изборите што доведоа до потреба да се отпуштат 20 отсто од работниците – праша еден од вработените.

Закерберг, наводно, одговорил дека е задоволен од тоа како извршните директори го направиле својот дел и како тие се прилагодиле на промените.

Тој посочи дека минатата недела биле отпуштени 4.000 работници.

Во средината на март пишувавме дека Мета најави уште 10.000 отпуштања, по 11.000 во ноември.

Со тоа империјата на Марк Цукерберг ги „демантираше“ тврдењата дека технолошките компании се имуни на отпуштања и пресврти во Силиконската долина.

Претходно најавени отпуштања

Портпаролот на Мета потврди за Си-Ен-Ен дека некои претходно најавени отпуштања се случиле во средата, на 19 април, и укажа на мартовската најава на извршниот директор Марк Закерберг дека компанијата ќе укине уште 10.000 работни места во наредните месеци.

Закерберг претходно зборуваше за некои промени во компанијата и за реструктуирање на технолошките одделенија на Мета, а меѓу вработените погодени од априлските отпуштања има членови на тимовите за одржливост, благосостојба, корисничко искуство, храна и пораки – судејќи според јавните објави на LinkedIn.

Loading...

Мета наводно им рекол на вработените во Северна Америка да работат од дома на 19 април во очекување на отпуштања.

Членовите на тимот за регрутирање на Мета беа известени за дополнителните отпуштања минатиот месец, а кратењето на деловните групи на компанијата се очекува да се случи на крајот на мај.