Вооружени криминалци на Хаити се обиделе да го заземат аеродромот

Сподели со своите пријатели

Тешко вооружени банди се обиделе да ја преземат контролата над главниот меѓународен аеродром на Хаити, а дошло до размена на оган со полицајците и војниците кои се обиделе да ги спречат, пренесува Танјуг повикувајќи се на АП.

Loading...

Меѓународниот аеродром Порт-о-Пренс беше затворен кога се случи нападот, без авиони или патници на лице место.

Оклопен камион на пистата отворил оган врз членовите на бандата во обид на безбедносните сили да ги спречат да влезат на аеродромот, а од куршумите побегнале голем број вработени и други работници.

Илјадници затвореници беа ослободени

Нападот се случи само неколку часа откако властите на Хаити воведоа полициски час по експлозијата на насилство во која вооружени членови на банда зазедоа два од најголемите затвори и ослободија илјадници затвореници во текот на викендот.

Во неделата вечерта беше прогласена 72-часовна вонредна состојба.

Владата соопшти дека ќе се обиде да им влезе во трага на избеганите затвореници, од кои некои се обвинети за убиства, киднапирања и други злосторства.

Се проценува дека бандите контролираат до 80 отсто од Порт-о-Пренс, главниот град на Хаити.