Војникот кој им пркосеше на своите убијци не е Украинец: Откриена е неговата националност

Сподели со своите пријатели

Олександар Мацијевски, војник кој стана симбол на храброста и отпорот на руската агресија против Украина низ слободниот и демократски свет, всушност е државјанин на Молдавија.

Loading...

Оваа вест ја потврди Министерството за надворешни и европски работи на Молдавија.

„По потврдата од украинската страна дека украинскиот војник бил егзекутиран од страна на руската армија, Олександар Мациевски, Министерството за надворешни и европски работи најостро го осудува убиството на државјанин на Молдавија, чин што може да се окарактеризира како воено злосторство и јасно прекршување на меѓународното хуманитарно право.

Изразуваме длабоко сочувство до семејството и пријателите на Олександр Мациевски и ја изразуваме нашата солидарност со украинскиот народ.

Ја повторуваме силната позиција на Република Молдавија, која ја осудува бруталната војна на Руската Федерација против Украина.

Нашата земја останува посветена на поддршката на Украина во нејзините напори за враќање на мирот и стабилноста во регионот“, се вели во соопштението на молдавското Министерство за надворешни и европски работи, пренесува Ослобоѓење.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.