Во самоубиствен напад во Кабул загинаа 19 лица

Сподели со своите пријатели

Во самоубиствен напад врз образовен институт во авганистанската престолнина Кабул загинаа 19 лица, а десетици беа ранети, соопшти полицијата во петокот, но никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Loading...

Многумина кои живеат во западната област каде што се случи експлозијата се Хазари, етничко малцинство кое меѓу другите беше цел на минатите напади од страна на милитантната група Исламска држава.

Портпаролот на полицијата во Кабул Калид Задран изјави дека во нападот се ранети 27 лица.

Тој рече дека нападот се случил во образовен институт каде се одржувал приемен испит.

Училиштата во Авганистан обично се затворени во петок.

„Нападот врз цивилни цели ја докажува нехуманата суровост на непријателот и недостатокот на морални стандарди“, рече тој, но не кажа кој според нив стои зад нападот.

Откако ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, талибанците инсистираа дека ја одржуваат безбедноста во земјата по една деценија војна, но во последните месеци беа забележани серија експлозии во џамии и цивилни области.

Во нападот врз образовен центар во западен Кабул во 2020 година, меѓу 24-те убиени беа тинејџери студенти, а одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.