Во Мургаш опожарени куќи и нанесена сериозна материјална штета (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поголем број куќи се опожарени во вчерашниот голем шумски пожар кој беснееше во атарот на селото Мургаш во Куманово, а како што информираше денеска на вонредна прес конференција градоначалникот Максим Димитриевски изгорени се и куќи во кои живееле дел од мештаните на селото.

Loading...

– Дел од куќите се напуштени, повремено живее некој, но има и опожарени куќи со сериозни материјални штети, добиток и друг тип покуќнина каде што живеат луѓе. Утрото ги посетив тие локации поразговарав со граѓаните, сега целосно е ставена состојбата под контрола денеска ќе бидат посетени од страна на општинска комисија. Дополнително според она што го добив како информација од претставникот на МВР ќе бидат посетени и од увидни екипи на МВР за да се бараат причините за појава на пожарот, вели Димитриевски.

Како што посочи првиот човек на Општина Куманово, локалната самоуправа ќе излезе со финансиско материјална помош на тие семејства кои имаат последици од овие пожари во изминатиот период.

Во овој момент пожарот во Мургаш е ставен под контрола, а како што рече Димитриевски, дел од граѓаните изразиле сомнеж дека пожарот настанал од електрична инсталација, но тоа треба дополнително да го утврдат надлежните органи.

 

 

Тој ги повика граѓаните на смиреност и дисциплинираност.

Loading...

– Сакам да ги известам граѓаните и да повикам на смиреност, да се почитуваат сите мерки и одлуки на Владата и Централниот кризен штаб бидеји единствено ако сме дисциплинирани можеме да излеземе и да бидеме корисни на пожарникарите и противпожарните единици кои деноноќно работат на спречување на ваквите сосотјби, рече Димитриевски.

Моментално активен на територијата на Куманово е само еден пожар во атарот на селото Бељаковце, каде екипи на ТППЕ Куманово интервенираат од рано утринава.

 

Изгорени куќи, штали, опустошени стотици хектари шума во Куманово и Североистокот (ФОТО)

 

– Се работи активно во близина на селото Бељаковце, локалитет Липец каде имаме директна противпожарна екипа, а апелирам до месното население во село Бељаковце да биде во приправност бидејќи имаме одредени пожарни џепови кои можат да се реакитивираат и е потребна граѓанска асистенција на одредени локации доколку приметат навремено да пријават и дополнително самите да се вклучат во локализирање на таквите пожари на отворено, порача Димитриевски.

Во последното деноноќие кумановските пожарникари имаат девет интервенции на пожари на отворено на територијата на Куманово и дополнително помагаат во соседните општини Старо Нагоричане и Липково.

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply