Изгорени куќи, штали, опустошени стотици хектари шума во Куманово и Североистокот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Куќи, штали и стотици хектари шума вчера изгореа во низа шумски пожари кои го зафатија регионот на Куманово и целиот Североисток.

Loading...

Пожари имаше на неколку локации низ кумановско, но оној од селото Кокино на подарчјето на Општината Старо Нагоричане кој беше најкритичен е ставен под контрола.

 

пожар во селото Кокино вчера

 

Огнот кој избувнал на први месецов во доцните попладневни часови вчера прерасна во вистински хорор и борба за спас на мештаните на селата Малотино, Степанце и Кокино.

 

село Кокино утринава

 

Неколку противпожарни екипи од Куманово, Старо Нагоричане, но и други градови заедно со тимови од Шумско стопанство Куманово, полицијата и армиски хеликоптер вчера се бореа со огнената стихија во овој предел.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во атарот на селото Кокино се изгорени неколку куќи.

– Од наше јавување на Командирот на ТППЕ Старо Нагоричане во 21:20 часот не извести дека пожарот уште е надвор од контрола и има проширување на Опсерваторијата на врвот на Кокино, додека долниот дел на селото Кокино е ставен под контрола со помош на хеликоптерот, велат од РЦУК.

 

село Кокино вчера

 

Последните информации од утринава во осум часот, говорат дека дел од пожарот е локализиран, но сѐ уште гори во месноста Кокински дол.

– Сите тимови се на терен но непристапниот терен ја отежува работата на екипите кои се ангажирани на изгасање на пожарот, велат од РЦУК.

 

село Кокино утринава

 

Loading...

Но, ова не е единствениот пожар во кумановскиот регион. Во селото дренак вчера по 18 часот избувнал пожар кој пеплосал стари напуштени куќи, но и црква и селското училиште. Таму горела сува трева, нискостебелста и деградирана шума.

– Командирот на ТППЕ С.Нагоричане не извести дека не е запознаен за пожарот и дека нивните екипи интервенират во Кокино, стои во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи.

 

село Дренак

 

Голем шумски пожар вчера беснееше и во атарот на селото Мургаш. Цела ноќ две екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирале на запалена нискостеблеста и деградирана шума, но изгореле и стари напуштени куќи. Пожарот бил на поголема површина, но утринава во 7:00 часот се повлечени екипите откако целосно го ликвидирале огнот, а неколку лица останале да дежураат на терен.

 

село Мургаш

 

– Изминатото деноноќие само на подарчјето на Општина Куманово имавме десет интервенции. Моментално има екипа во Бељаковце, сите други се изгаснати на теријторија на Куманово. Немам информација за Бељаковце. Морам да изразам огромна благодарност до мештаните од Мургаш и Пезово кои ни помагаа, вели Дејан Илиевски командир на ТППЕ Куманово.

Loading...

 

 

Сува трева и дабова шума вчера гореше и во селото Белановце на територијата на општината Липково.  Мештаните и екипи на Шумско стопанство Куманово успеале да го изгаснат огнот по четири часа борба со пламените јазици.

Кумановските пожарникари вчера покрај големите шумски пожари се бореле и со запалена сува трева во низа селски средини, додека во селото Доброшане изгорел склад за градежен материјал со помошни објекти.

 

Loading...
село Кокино утринава

 

Големи пожари вчера имаше и во Кратово каде гореше шума на површина од десет хектари во селото Живалево, додека 50 хектари дабова шума, нистостеблеста деградирана шума, сува трева и една штала изгореле во селото Татомир.

Во општина Крива Паланка имале четири пожари и тоа во Мала Пешинце, Градски  водовод,како и селата Конопница и  Варовиште. Според вчерашните последни информации таму биле изгорени една куќа и една штала.

 

село Кокино утринава

 

Loading...

Огромен беше пожарот на територијата на општина Ранковце во селото Отошница каде гореше на површина од околу 500 хектари, а во гаснењето учествуваа претставници од Општната Ранковце, полицијата, ШС Крива Паланка и околу 50 мештани. Со пожарот е  изгорена една куќа. Нема информација каква е состојбата со овој поќар во моментот.

 

село Кокино утринава

 

Никола Ивановски

Leave a Reply