Во критична состојба сопругата на убиениот претседател на Хаити

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Хаити, Жовенел Моисе, беше убиен во напад на вооружени напаѓачи врз претседателската резиденција. Неговата сопруга беше пренесена во болницата, објави премиерот Клод Џозеф.

Loading...

Првата дама на Хаити, која го преживеа нападот во кој беше убиен нејзиниот сопруг, претседателот Жовенел Моисе, е во критична состојба и се прават обиди да се пренесе во Мајами на лекување, изјави во средата хаитискиот амбасадор во Соединетите држави.

– Таа е стабилна, но во критична состојба. Во тек се напори за нејзино пренесување во Мајами на лекување, изјави пред новинарите амбасадорот Бочит.

Претседателот на Хаити, Моиз, бил убиен од неидентификувани напаѓачи во текот на средата вечерта во неговата приватна резиденција.

Неговата сопруга, 53-годишната Матине Моиз, исто така беше застрелана.

Таа преживеа и се наоѓа на лекување во болницата, изјави претходно привремениот премиер Клод Џhозеф.

Нападот се случи во време на растечки бран политички поврзани насилства во сиромашната карипска држава.

Бидејќи Хаити е политички поделена, земјата доживува растечка хуманитарна криза и недостиг на храна, постои страв од раширени немири.

Loading...

„Се презема секоја мерка за да се гарантира континуитетот на државата и да се заштити државата“, рече Џозеф.

Leave a Reply