Властите на Белгород ја демантираат веста за упад на украинската војска преку границата

Сподели со своите пријатели

Оперативниот штаб на Белгородската област ја демантираше информацијата за навлегување на украински војници во правец на градот Шебекино.

Loading...

„Многу телеграм канали шират лажни информации за пробивот на трупите на Вооружените сили на Украина вечерва во правец на Шебекин. Оперативниот штаб официјално соопштува дека оваа информација е лажна и не соодветствува со реалноста“, се наведува во соопштението што го пренесе Интерфакс.

Истовремено, се оценува дека ситуацијата во округот Шебкински е исклучително тешка и дека гранатирањето се уште трае.

„Немаше и нема непријатели на територијата на регионот Белгород. Вооружени сили, граничари, Федерална служба за безбедност, Национална гарда се поставени. Но, масовното гранатирање е во тек“, напиша на Телеграм шефот на регионот Белгород, Вјачеслав Гладков.

Гладков ги негираше информациите за масовна евакуација од градскиот кварт Шебекински.

Шебекино се наоѓа на околу четири километри од границата со Украина и во него живеат околу 40.000 луѓе.

Руските власти тврдат дека градот во последните денови речиси континуирано бил под гранатирање на украинските сили, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...