Владата одобри префрлање на вишок средства за блок дотации во Буџетот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Мини детски игралишта и училишни игралишта, санација на кровови, набавка на дигитална опрема и помошно-технички помагала за кабинетска настава и адаптација на кабинети во основни училишта ќе изврши Општина Куманово со вишокот средства од блок дотациите.

Loading...

На седницата што Владата ја заврши доцна вечерва, министрите го разгледаа Барањето согласност за префрлање на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово за 2021 година.

– Дадоа согласност по Одлуката за одобрување префрлање на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово за 2021 година, донесена од Советот на Општина Куманово, со дополнително Известување, кои ќе се користат за изградба и реконструкција на мини детски игралишта и училишни игралишта, како и за санација и реконструкција на санитарни јазли и тоалети, санација на кровови, набавка на дигитална опрема и помошно-технички помагала за кабинетска настава и адаптација на кабинети во основни училишта на територијата на Општина Куманово, информираат од Владата.

Како што појаснуваат оттаму, овие одлуки се носат врз основа на член 22 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за користење на вишокот средства од сметките за блок дотации од Буџетот на државата, на барање на општините.

Никола Ивановски

Leave a Reply