Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

На почетокот на ноќта времето беше нестабилно на крајниот североисток, а потоа и таму облачноста се намали.

Loading...

Утринава е ведро со мала облачност и со слаб претежно северен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени.

 

 

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

Утринската температура ќе се движи околу 18 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 34 степени целзиусови.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сочево и топло време во претпладневните часови. Попладне се очекува нестабилност проследена со врнежи од пороен дожд и грмотевици.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југозападен правец.  Температурата ќе се движи од 18 степени во утринските часови до максимални 35 во текот на денот.

 

Loading...

 

Сончево до умерено облачно, но без врнежи, ќе биде времето во недела. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 17 степени во утринските часови до максимални 28 степени во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово

 

 

Од понеделник продолжува стабилно и топло време, со температури околу 30 степени.

Loading...

Никола Ивановски