Вештачкиот мозок наскоро станува реалност, тестирањето веќе започна

Сподели со своите пријатели

Експерти од американскиот универзитет МИТ подготвуваат вештачки мозок од чипови, кој ќе работи како суперкомпјутер и ќе може да биде вграден во машини, како што се автомобили. Неговото тестирање е веќе започнато.

Loading...

Минијатурниот чип, моделиран на човечкиот мозок, е направен од десетици илјади мемристори, електрични компоненти кои имитираат вештачки синапси на мозокот, објави Science Daily.

Бил Гејтс: Вештачката интелигенција мора да им биде достапна на сите

Чипот е веќе тестиран и бил во можност да запомни слики и да ги репродуцира, но појасно и поточно од другите чипови.

Резултатите од тестот се ветувачки кога станува збор за правење невроморфни уреди, кои личат на човечкиот мозок и обработуваат податоци по сличен принцип. Таквите уреди би можеле да бидат многу мали и да можат да изведуваат сложени компјутерски операции како суперкомпјутерите.

„Вештачките синапси постоеја како софтвер до сега, но сега се обидуваме да направиме хардверски налик на нервна мрежа за преносен систем на вештачка интелигенција“, рече Јихван Ким, професор во МИТ.

Вештачката интелигенција и роботите ќе ни ги земат работните места (ВИДЕО)

Тој објаснува дека ваквите уреди, на пример, може да се инсталираат во автомобили, да препознаваат сообраќајни знаци или сообраќајни ситуации, дури и без да се поврзат на интернет.

Loading...

Така, една од главните пречки, брзата интернет врска, ќе биде отстранета кога станува збор за развој на автомобили без возачи.

Leave a Reply