Бил Гејтс: Вештачката интелигенција мора да им биде достапна на сите

Сподели со своите пријатели

Со оглед дека тензиите меѓу САД и Кина не се намалуваат, се повеќе се слушаат гласини за трка во вооружување меѓу двете држави во областа на вештачката интелигенција, а ко-основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс неодамна изјави дека не може да разбере како разделувањето или ограничувањето на научното истражувањата воопшто би функционирало.

Loading...

– Не можете да пренесувате пораки што ќе им ги споделите на другите, а што велат дека не смеете да му дадете нешто на некого, затоа што неговата баба е Кинезинка. Тоа нема да функционира – истакна Гејтс на конференцијата наречена „Блумберг њу економи форум“ во Пекинг.

САД долго време имаа корист од отвореното споделување на научни истражувања, што е сè уште огромна предност, особено во областа на вештачката интелигенција.

Гејтс е целосно убеден дека нема алтернатива на ваквиот пристап.

– Кој има отворен систем, ќе има огромна предност. Може целосно да го игнорирате секој што ќе се обиде да ги затвори своите системи – рече тој.

Гејтс го посети Центарот за истражување на Мајкрософт во Пекинг, кој се фокусира на вештачката интелигенција.

Тој истакна дека споделувањето на резултатите од научните истражувања е една од причините што вработените во центарот дошле да работат за „Мајкрософт“ и додаде дека тие би отишле да работат на друго место, доколку го немало тој пристап.

Leave a Reply