Вашингтон, Сеул и Токио убедени дека Северна Кореја ја снабдува Русија со оружје

Сподели со своите пријатели

Советниците за национална безбедност на САД, Јужна Кореја и Јапонија одржаа проширена дискусија за растечката соработка меѓу Русија и Северна Кореја, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Loading...

Саливан им изјави на новинарите во Сеул дека Вашингтон, Сеул и Токио се убедени дека Северна Кореја ја снабдува на Русија со оружје што Москва ќе го користи во војната против Украина, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека советниците за национална безбедност на САД, Јужна Кореја и Јапонија повикале на посилен меѓународен притисок за да се ограничи развојот на нуклеарното оружје на Северна Кореја и нејзината воена соработка со другите земји, поради загриженоста за нејзиниот наводен трансфер на оружје во Русија, според Танјуг.

Средбата во Сеул се одржа во време кога тензиите на Корејскиот полуостров се на врвот, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го забрза проширувањето на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма и се закани со превентивна употреба на нуклеарно оружје.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.