Вагнер регрутира војници преку Порнхаб

Сподели со своите пријатели

Порнхаб ги отстрани рекламите од групата Вагнер, која ги објави на страницата за да регрутира војници за војната во Украина.

Loading...

Портпаролот на Pornhub потврди за Newsweek дека рекламите се отстранети и дека страницата не дозволува никакви политички реклами.

На почетокот на оваа недела имаше извештаи дека на Pornhub, најголемата светска порно веб-страница, се појавиле реклами, со барање луѓето да се приклучат на групата Вагнер.

Како што објави The Moscow Times, рекламите покажаа жена како лиже лижавче додека се слуша глас кој се фали дека има ингеренции од групата Вагнер.

„Регрутираме борци од сите региони на Русија“, се вели во огласот, а на крајот бил прикажан телефонски број каде што може да се контактира.

Russia Today објави дека рекламата ги поканува гледачите да се приклучат на „најкул приватна армија во светот“.

Основачот на групацијата Вагнер, Евгениј Пригожин, потврди дека рекламата е автентична.

„Рекламирањето на PMC Wagner на порнографски сајтови е многу добра идеја на нашата маркетинг група“, објави тој преку неговата прес-служба.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.