Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Сподели со своите пријатели

Креирање на општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат се намерите и политиките на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, рече денеска на прес конференција кандидатот за пратеник Ненад Стојановски.

Loading...

Како што рече Стојановски, економските приоритети се темелат на конкуретна и одржлива економија преку заштита на животната средина, социо-економски развој и владеење на правото.

– Македонија мора да биде самоодржлива држава. Долгорочни кредити за новоформирани компании од страна на млади чии камати ќе ги финансира државата. На овој начин ќе ги стимулираме младите да размислуваат, креираат, а со тоа и да го стимулираат претприемништвото и малиот бизнис. Финансиска поддршка за отварање бизнис во рурални средини. Нашата намера и политика е да креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат, изјави Стојановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

 

 

Кандидатот за пратеник, најави укинување на данокот на промет на недвижности при купување на стан или куќа во која ќе живее граѓанинот.

– Ние од движење ЗНАМ ќе се залагаме за измена и дополна на Законот за даноци и имот, ќе воведеме рамномерна даночна политика, неселективен пристпа на територија на цела Македонија. Не може едни општини сами да обезбедуваат средства, а останатите општини цело време да бидат помагани од срана на државата. Таа состојба мора да тече рамномерно и подеднакво за секоја општина. Гарантен фонд за сопствено учество во бизнис на невладини организации, најави Стојановски.

Loading...

Тој ги повика граѓаните да се приклучат „во прогласот за подобро утре, за пристоен и достоинествен живот“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

– Ви ветувам дека вашиот галс за нас значи само обврска, за промена на општеството во кое живееме. Знам дека ние ќе го оствариме тоа. Заокружи број 7, рече Стојановски.

Никола Ивановски