Утре јавна расправа за долгорочното задолжување на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Со почеток во 10 часот во големата сала во поранешен Комитет утре ќе се одржи јавна расправа по однос на Нацрт-одлуката за долгорочно домашно задолжување на општина Куманово во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2).

Loading...

– Поради протоколите за заштита од КОВИД 19, се задолжуваат сите присутни лица задолжително да носат заштитна маска, да оддржуваат социјална дистанца од 2 метри и да вршат честа дезинфекција на раце, за време на оддржување на јавната расправа, стои во повикот од Општина Куманово.

Капацитетот на посетителите е ограничен согласно просторните услови, како и протоколите и мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19.

Јавната рапсара следува откако на последната седница на Советот на Општина Куманово беше одлучено граѓаните, невладиниот сектор и локалната самоуправа на јавна расправа да дискутираат за предлогот Општина Куманово да се задолжи еден милион евра, средства со кои на јавните претпријатија ќе им обезбеди нова техничка опрема.

Никола Ивановски

Leave a Reply