Уште еден кумановец приведен со прашкаста материја

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен кумановец вчера бил лишен од слобода откако полицијата кај него пронашла прашкаста материја.

Loading...

– На 28.02.2021 година во 21.30 часот на улицата Ѓорче Петров од страна на полициски службеници од СВР Куманово од слобода е лишено лицето С.Г.(30) од Куманово затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Викендов приведен беше и 51-годишен кумановец поради иста причина.

Никола Ивановски

Leave a Reply