КАРАТИСТ ПРЕТЕПА МЕЧКА: Со удар ја натерал да побегне и и ја спасил главата

Сподели со своите пријатели

Масато Фукуда (50) посетил водопад во близина на јапонскиот градот Најеро, на северниот остров Хокаидо, а потоа видел две мечки.

Loading...

Една од нив се нафрлила на човекот и брзо зажалила.

Масато е карате мајстор, па реагирал со молскавична брзина за да си го спаси животот.

„Морав да реагирам, бидејќи во спротивно немаше да преживеам“, изјави тој за медиумите.

Мечката се обидела да го гризне Масато, но била принудена да се повлече по прецизен удар во глава, пишува Daily Star.

„Во таа прилика ја повредив ногата, но си го спасив животот“, објасни тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Ѓурѓовден – празник на будење на природата

Животните веднаш побегнале, а човекот дотрчал до својот автомобил и ги снимал од безбедно растојание.

„Имав многу среќа. Кој знае што ќе се случеше да не отстапеше“, додаде тој.

Loading...