Умирала од рак, но освоил лотарија и нејзиниот живот целосно се променил (видео)

Сподели со своите пријатели

Дајен Бишоп од Канада која има рак на дојка, добила на лотарија милион и пол долари. Меѓутоа, тоа не е најсреќната вест која и се случила на оваа жена.

Таа била принудена да, иако има рак во четвртиот стадиум и натаму работи во својата продавница, затоа што државната помош не и била доволно да ги покрие сите долгови.

На американската лотарија се чека добитникот на 1,3 милијарди долари

Loading...

Во октомври, по пишувањата на локалните медиуми, започнала да добива помош од други луѓе. Меѓутоа, неколку недели подоцна, донела одлука да игра лото. Купила ливче и добила џек пот од 1,5 милиони долари, пишува CBC.

Ги искористила парите да ја исплати хипотеката, да си купи лекови и терапетски помагала, а дел оставила и за двата синови.

набргу откако ги освоила парите следувала уште една добра вест. Состојбата на Бишоп долго се борела со ракот и нејзиното тело не реагирало на хемотерапијата, но потоа лекарите и рекле дека конечно започнала да дејствува терапијата.

Ова е жената која на лотарија освои неверојатни 758 милиони долари (видео)

– Ова а единествена хемотерапија која ми помогна. Ја извлече течноста од моите бели дробови и намали некои од туморите, рекла таа.

Таа верува дека за добивката и подобрувањето на нејзиното здравје се заслужни молитвите.

– Многу луѓе се моела за мене. Ми праќаа пораки, доаѓаа во продавницата и ми се јавуваа и рекоа дека се молат за мене. Добив се што сум сакала. Можам да умрам среќна, но нема да умрам се уште, изјавила таа.

Експеримент со лотарија покажа кој е чесен, богатиот или сиромашниот (видео)

Иако и натаму нејзината болест е неизлечива, таа е среќна затоа што повеќе не мора да работи, се чувствува подобро, а ќе има и барем малку повеќе време за семејството.

https://www.facebook.com/cbcnl/videos/10155908677892174/