Украински војници на обука во Хрватска?

Сподели со своите пријатели

Во понеделникот, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ се договорија дека ќе започнат кампови за обука за 15.000 украински војници на територијата на ЕУ.

Loading...

Веста ја потврди и високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жозеп Борел.

– Европската унија ќе започне со воена обука на најмалку 15.000 украински војници на територијата на одредени членки на Европската унија – рече тој.

Во текот на дискусијата се појавија повеќе детали за улогите на секоја земја-членка, пишува Politico.

Најјасна улога имаат Германија и Полска, кои веќе се договорија да бидат „центри“ за обука на украинските војници, желба изрази и Словачка, но не се знае дали вежбите ќе се одржат на нејзина територија или ќе учествува во нив на некој друг начин.

Двајца дипломати потврдиле за Политико дека како земја домаќин на овие мисии се споменува и Хрватска.

Според неофицијални информации на Јутарњи лист, во Хрватска би се спроведувала обука на борбени спасувачи и инструктори, како и на дел од инженерскиот персонал.

Се разгледува и можноста командата на хрватската армија да формира неколку мобилни тимови на инструктори кои би ги обучувале украинските војници надвор од Хрватска.

Loading...

Во тој случај хрватските инструктори би тренирале украинска пешадија и артилерија, пишува Ј.Л.

Сѐ уште не се познати повеќе детали за точниот почеток на проектот и улогата што ќе ја има Хрватска.

Учеството во обуката на украинските војници претходно го потврди и Франција на Макрон, а свој придонес најавија и балтичките земји.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.