УХМР со најава за студено време и врнежи од снег

Сподели со своите пријатели

Утре и во текот на ноќта кон петок ќе има врнежи од снег, а само во некои пониски места од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови.

На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места.

Во петок попладне и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има врнежи претежно од снег со послаб интензитет.

 

 

Во Куманово и околината утре ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, односно југоисток. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум се очекува да се искачи до петиот степен.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Ноќта кон петок се очекува врнежите од дожд да бидат комбинирани и со врнежи од снег.

 

 

Петок носи облачно време со врнежи од дожд и снег во кумановско. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од еден степен под нулата до максимални четири во текот на денот.

Ноќта кон сабота ќе има врнежи од снег.

 

Loading...

 

За време на викендот се очекува врнежите да престанат.

Никола Ивановски