Германија загуби 486.000 работни места, секторот што ја движеше економијата со децении е тешко погоден

Сподели со своите пријатели

Германскиот пазар на труд сè подлабоко тоне во криза!

Во првиот квартал од 2026 година во Германија биле вработени само околу 45,6 милиони луѓе, објави во вторникот Заводот за статистика.

Според германските медиуми, од јануари до март биле изгубени 486.000 работни места.

Иако падот на почетокот на годината е типичен, овојпат беше значително потежок од претходните години.

И по приспособувањето на вообичаените сезонски ефекти, се уште има губење на 61.000 работни места, пишуваат германските медиуми.

Ова е трет последователен квартал на пад на работните места.

Индустрискиот сектор е особено тешко погоден – токму тој сектор кој ја движеше економската сила на Германија со децении.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Смртоносниот сој ебола за кој нема вакцина се шири низ воената зона: „Мртвите тела сè уште пренесуваат инфекција“

Голем притисок на пазарот

Индустријата и градежништвото беа особено тешко погодени.

Споредено со истиот квартал лани, во фабриките и индустриските компании се изгубени 171.000 работни места.

Кризата се влошува и во градежниот сектор каде исчезнаа 27.000 работни места.

Многу компании страдаат од слабото работење, високите трошоци и зголемената конкуренција од Кина.

На ова се додаваат неизвесностите предизвикани од меѓународните кризи и слабата глобална економија.

Под зголемен притисок се особено извозно ориентираните германски компании, пишува Fenix-magazine.

Нови работни места речиси исклучиво во јавниот сектор

Додека индустријата и градежништвото го намалуваат бројот на работни места, нови работни места се отвораат речиси исклучиво во јавниот и социјалниот сектор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поплави во јужна и централна Кина, има жртви, училиштата затворени

Секторот за јавни услуги, образование и здравство додаде 181.000 работни места, што претставува зголемување од 1,5 отсто.

Сепак, севкупно, целиот услужен сектор бележи само мал раст, за 0,1 отсто. И другите сектори имаат потешкотии.

Загубени се 81.000 работни места во трговијата, транспортот и угостителството.

Давателите на деловни услуги го намалија бројот на работни места за 72.000. Дури и ИТ и комуникацискиот сектор загуби работници, пишуваат германските медиуми.

Ситуацијата е крајно загрижувачка во Германија

Германската влада не очекува брзо закрепнување на краток рок.

Во тековниот месечен извештај од Министерството за економија се вели:

„Пролетното закрепнување на пазарот на труд во најголем дел нема да се реализира годинава. Особено загрижувачко за Германија: додека работните места во земјата исчезнуваат, вработеноста во Европа сè уште расте. Вработеноста во еврозоната неодамна се зголеми за 0,5 отсто, а во цела ЕУ за 0,6 отсто. Германија на тој начин сè повеќе заостанува на пазарот на трудот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 131 смртен случај од ебола во ДР Конго

Број на вработени во Германија

Во првите три месеци од годинава во Германија биле вработени 486.000 или 1,1 отсто помалку луѓе отколку во првиот квартал од минатата година, објави Дестатис.

Во периодот од 1 јануари до 31 март работа имале 45,6 милиони луѓе. Сезонски приспособено, тоа е сепак пад од 61.000, или 0,1 отсто.