Кумановските гимнастичари освоија 15 медали на Државното првенство (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Гимнастичарите од клубот „Атлета“ од Куманово освоија 15 медали на Државниот натпревар во спортска гимнастика, во машка и женска конкуренција.

 

 

Со одлични настапи и високи пласмани, младите спортисти повторно го потврдија својот талент и посветеност.

Во А програмата, во машка конкуренција, Илиан Стојановски го освои првото место кај помладите пионери, Ангел Трајковски беше втор во истата категорија, додека Јаков Стојановски освои трето место кај постарите пионери.

 

 

Во Б програмата, Анастас Петрински и Војдан Крстевски освоија второ место кај помладите пионери, а Никола Ристевски беше трет.

Кај постарите пионери, Бојан Христовски се закити со првото место, додека Дарин Бабановски беше втор. Милош Јовановиќ освои прво место кај јуниорите, а Михаил Додевски трето место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува нестабилност со врнежи, дожд и локално невреме

 

 

Горди сме на трудот, дисциплината и спортскиот дух што секојдневно го покажуваат децата. Успехот е резултат на заедничка посветеност – трудот на гимнастичарите, работата на тренерите и поддршката од родителите , изјави тренерот Филип Миленковски.

 

 

Во женска конкуренција, во А програмата Лана Петковска освои второ место кај помладите пионерки, додека во Б програмата Милица Митровска беше втора кај постарите пионерки, а Ања Ристевска освои прво место кај младите јуниорки.

Клубот оствари успеси и во екипна конкуренција, освојувајќи прво место кај постарите пионерки и второ место во категоријата до 7 години- изјави тренерот  Никола Златановски.

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прскање против комарци на повеќе локации низ Куманово

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски