Турција: Земјотресот ја срамни со земја болницата, луѓето затрупани! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Два силни земјотреси на длабочина од 10 километри на самата граница на Турција и Сирија направија вистински хаос.

Loading...

Илјадници граѓани останаа без покрив над главата, спасувачите трагаат по загинатите чиј број засега се мери во стотици, а прогнозите укажуваат дека ќе има над илјада, ако не и десетици илјади повредени.

Голем број граѓани сѐ уште се затрупани во урнатините од зградите.

 

 

Според првите прелиминарни проценки, околу 130 згради се целосно уништени на југот на Турција, додека тој број во Сирија засега не е познат, но бројот на загинати се зголеми од првите 23 на неколку стотици.

Во градот Шанлируфа на југот на Турција за време на земјотресот се урна целата болница и под урнатините ги затрупа пациентите, лекарите и медицинскиот персонал.

Loading...

Се стравува дека голем број загинати се закопани под тони бетон, но спасувачите не се откажуваат од надежта дека има преживеани заробени во некои џебови.

На местото на уривањето на болницата пристигнаа механизација и спасувачи, кои им се придружија на граѓаните во обидот да ги пронајдат живите и повредените.

 

 

Турските власти апелираа до светската јавност дека секоја помош е добредојдена за спас на луѓето.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.