Турција: Објавенa снимка од спасување на момче од урнатините на зградата по земјотресот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Катастрофалниот земјотрес што во понеделникот во раните утрински часови го погоди југот на Турција можеше да се почувствува на оддалеченост и до 300 километри.

Loading...

„На северот на Сирија почувствуваа потрес со јачина меѓу 6 и 6,5 степени, а во Либан потрес што би бил еквивалентен на магнитуда од околу 4 до 4,5 степени“, тврди метеорологот на Си-Ен-Ен, Брендон Милер.

Освен во Турција, земјотресот е почувствуван и во Сирија, Израел, Палестина, Ирак, Грција, Египет, Кипар и Либан.

По разорниот земјотрес што ги погоди јужна Турција и северна Сирија беше објавено видео од извлекување на дете од урнатините во северозападна Сирија.

На објавеното видео се гледаат спасувачите како живо извлекуваат момче од урнатините, а пишува дека се наоѓа во северозападна Сирија.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...