Трговскиот ланец „ЛИДЛ“ влегува во Македонија

Сподели со своите пријатели

„Лидл Северна Македонија“ е компанијата која е регистрирана деновиве во скопската Општина Центар.

Loading...

Фирмата била отворена со влог од 500.000 евра, а со неа ќе управува филијалата на Лидл од Бугарија.

Станува збор за трговски ланец од Германија специјализиран за храна, облека, пијалаци и слично.

Како што пишуваат дел од македонските портали, предвидено е ланецот во Македонија да вложи околу 10 милиони евра.

Ланецот има над 10.000 продажни објекти ширум Европа. Во сопственост е на германската групација Шварц, која исто така го поседува и ланецот маркети Кауфланд.

 

Leave a Reply